Во наредните три години Светската банка ќе поддржува проекти од областа на енергетиката во Македонија во вкупна вредност од најмалку 150 милиони евра. Во првата година ќе се финансираат проекти во енергетиката, а тоа е далеководот од Штип до Ниш и да има буџетска поддршка за Македонија, што е одраз на тоа дека Светската банка ги оценува за добри поликтиките што ги водиме. Ќе има и еден мал проект за осигурување од климатски промени, поплави и слично, а што досега претставуваше проблем кога стануваше збор за осигурување на земјоделците. Светската банка има нов проект, односно дизајнирано нов инструмент кој што ќе помогне да се постигне да се осигураат имотите. За следниот период тој очекува да се подготви и проектот за изградба на Луково Поле, повторно во областа на енергетиката.
Во наредните три години Светската банка ќе поддржува проекти од областа на енергетиката во Македонија во вкупна вредност од најмалку 150 милиони евра.
Ова го најави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески по средбата со потпретседателот на Светската банка за Источна Европа и Централна Азија, Филип Леру и со директорката за Македонија Џејн Армитаџ во Вашингтон.
- Во првата година ќе се финансираат проекти во енергетиката, а тоа е далеководот од Штип до Ниш и да има буџетска поддршка за Македонија, што е одраз на тоа дека Светската банка ги оценува за добри поликтиките што ги водиме. Ќе има и еден мал проект за осигурување од климатски промени, поплави и слично, а што досега претставуваше проблем кога стануваше збор за осигурување на земјоделците. Светската банка има нов проект, односно дизајнирано нов инструмент кој што ќе помогне да се постигне да се осигураат имотите - рече Ставрески кој ја предводеше македонската делегација на Годишното собрание на ММФ и на СБ во Вашингтон.
За следниот период тој очекува да се подготви и проектот за изградба на Луково Поле, повторно во областа на енергетиката.
- Од наша страна беше побарано да се забрзаат и да се зголемат проектите во енерегитиката, бидејќи тоа е една од клучните области за Македонија и за развојот на земјата. Задоволен сум што од Банката добивме потврда дека ќе учествува во овие проекти заедно со македонската влада - рече Ставрески.
Преку Меѓународната финансиска корпорација, Светската банка ќе поддржи проект за изработка на пилот студија за зелен одржлив развој на Македонија, со што Македонија ќе биде прва држава во регионот која што ќе прави ваква студија.
- Светска банка поради посветеноста на Македонија и на Владата кон овие проекти одлучи токму во Македонија да се прави овој проект така што ќе бидеме лидери во тој дел - посочи вицепремиерот задолжен за економија, Владимир Пешевски кој изрази очекување во 2011 година да има три до четири нови проекти одобрени од страна на ИФЦ, а кои ќе бидат насочени кон приватниот сектор.
На дводневниот состанок на Светската банка и ММФ присуствуваа околу 10.000 претставници од централните банки, министри за финансии, извршни директори од приватниот сектор и експерти од 187 земји членки.